Персонализирана содржина од првата па се до последната страница. Вашето дете е главен јунак во својата приказна.
Магична сказна
Вашето дете тргнува низ авантури во кои преку шарена илустрација, едукативна содржина и многу забава, учи за основните вредности во животот.
Персонализирана посвета
На првата страница од книгите имате можност да ја впишете Вашата лична посвета, која што го прави овој подарок незаборавен и вреден за чување засекогаш.
Совршен подарок
Уникатен спомен кој ќе живее засекогаш.
Од 0 до 10 години
Содржината на книгата е прилагодена за деца на возраст од 0 до 10 години.
Испорака низ Македонија
Испораката се извршува најдоцна, во период од 7 работни денови.
Кидлинг е македонски стартап составен од млади ентузијасти. Водени од љубов и емпатија, овој тим на сонувачи има за цел да ја заскокотка имагинацијата на малечките, но најголеми, колеги сонувачи – децата!
Одберете ги физичките карактеристики на Вашето дете – облик на фризура, боја на коса и боја на очи.
4. Нарачај
Вашата нарачка ќе се достави до назначена адреса за испорака.
5. Плаќање
Ви гарантираме сигурност при плаќањето и заштита на Вашите лични податоци.
6. Испорака
Испораката се врши најдоцна во период од 7 работни денови.
Што Кажуваат За Нас
Не постои поубав подарок кој Јаков го добил некогаш. Ова е книга која ќе си ја читаме уште долго. Јаков неизмерно се радува на шарените илустрации, а јас се радувам на приказната и тоа што е само за него.
Симона
Родител
Ова е мојата омилена книга бидејќи во неа ја запознавам Снежната кралица, Бонбонковците, еленчињата, и сите други пријателчиња на Дедо Мраз. Книгата си ја читаме секоја вечер пред спиење со мама, тато и мојата сестричка Андреа и со нетрпение ја чекаме новата година.
Лаура
среќно детенце
Секогаш се грижам за на мојот омилен внук да му подарам нешто специјално, како што ми е тој на мене. Откако се роди велам дека треба да се напише книга за него и конечно - желбата ми се оствари! Еден ден, кога со љубов ќе се сеќаваме на неговото детство, оваа Нова година ќе ја паметиме по магичните моменти поминати во читање на неговата книга.