Персонализирај





„Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“, им е едно од најчесто поставуваните прашања на децата. Но, има тооолку многу интересни професии како доктор, музичар, спортист, астронаут… Најважно е да се запомни дека со труд, учење и желба, секое дете може да биде баш сѐ што ќе посака!
Главниот јунак во книгата е токму Вашето дете и тоа ќе биде претставено во различни сценарија и професии. На нашата веб страница, Вие го одбирате името и физичките карактеристики на Вашето дете (обликот и бојата на фризура и бојата на очи).
За прв пат досега во Кидлинг, Вие имате можност и да изберете кои професии би сакале да се најдат во книгата (се одлучувате за 9 од 16 понудени професии).
На првата страница од оваа книга ќе се најде Вашата лична посвета до детенцето.
Интересно и во духот на приказната е да се спомене дека оваа книга е целосно илустрирана од младата сликарка Наталија Арсовска која има само 11 години.
А4 landscape, 26 страници, тврд или мек повез
Тврда Корица 1,590.00 ден